Македонските ракометари пред мечот со Швајцарија добија и благослов од свештено лице

Македонската ракометна селекција од 18:00 часот ја очекува последниот натпревар од групната фаза од ЕП во Германија, а за противник ја имама селекцијата на Швајцарија.

Во пресрет на мечот, денес во македонската Амбасада во Берлин беше пречекан претседателот на Mакедонската Ракометна Федерација и генерален менаџер на Алкалоид , г. Живко Мукаетов.

Со своето присуство средбата ја збогатија: свештеното лице поп Оливер Новески, наставничката по македонски јазик во Берлин, г-ѓа Ана Смилевска, военото аташе, г. Али Хајро и целиот состав на ДКП Берлин.

За време на разговорот, беше изразена поддршка и благослов на македонската машка ракометна репрезентација, пред мечот со Швајцарија, вечер во 18:00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО