Македонскиот репрезентативец Итан Хап е нов играч на Валенсија

Шпанскиот кошаркарски клуб Валенсија го промовираше новото засилување, македонскиот репрезентативец Итан Хап.

Хап ќе го носи дресот на Валенсија во следните две сезони, односно договорот ќе трае до 30 јуни 2026.

Американскиот центар со македонски пасош до сега ги бранеше боите на Гран Канарија во чиј дрес минатата сезона во шпанската Ендеса и Еврокупот имаше учинок од 11,5 поени, 5,5 скокови, 2 асистенции по меч.

И во следната натпреварувачка сезона екипата на Валенсија ќе настапува во Еврокупот.

Минатата сезона во шпанското првенство Валенсија во четвртфиналниот плеј-оф загуби од Мурсија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО