Македонија има јуниори со шампионски потенцијал

Младите кошаркари на Македонија ја совладаа Австрија со 98:88, во финалето на Европското првнство (ЕП) за јуниори (до 18 години), дивизја Б, и со перфектен скор, осум победи на исто толку натпревари, го освоија првото место и се пласираа во дивизија А.

Мечот практично беше решен во првата четвртина која Македонија ја доби со 39:29. Во првите четири минути Македонија направи солидна разлика (13:5), благодарение на расположениот капитен, Никола Јаничиќ кој постигна седум поени. По нецели 13 минути, Јаничиќ веќе имаше дадено 21 поен (8/12 удари од поле).

На полувремето Македонија замина со двоцифрена предност, 57:44 што умешно ја задржа до крајот.

Јаничиќ беше најефикасен со 30 поени, плус пет скока и четири асистенции. Стојковиќ имаше одлично второ полувреме во кое запре на 15 поени, четири скока и три асистенции.

Младеновски го заврши финалето со 14 поени, три асистенции и два скока, Марјановиќ даде 12 поени, имаше четири успешни додавања и три скока, а Луканоски беше на чекор до двоен ефект, 10 поени и седум скока.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО