Каква трка на 100 метри. Лајлс го освои златото во драматичен фото-финиш

Каква спринтерска трка на 100 метри на ОИ во Париз! Американецот, Ноа Лајлс го освои златниот медал во драматичен фото-финиш, со време од 9,79.784 секунди. На второто место беше Кишан Томпсон од Јамајка со време од 9,79.789. Речиси неверојатно!

Пред почетокот на трката, Ноа Лајлс, моментално најдобриот спринтер на светот, беше голем фаворит, но не беше се’ така лесно. Кишејн Томпсон почна одлично, Ноа го бркаше и на крајот успеа да го престигне.

Двајцата спринтери ја минаа целта во исто време, но потоа новиот олимпскиот победник го решија пет илјадити делови од секундата!

Ова е прво олимписко злато на 100 метри за САД, по Атина 2004 година, кога победи Џастин Гетлин.

Зад Лајлс и Томпсон, третото место го освои Фред Керли од САД, сребрениот од Токио пред три години, со време од 9,81 секунди.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО