Македонија ЃП носи уште едно интернационално засилување – пристига Павишиќ

Српскиот интернационалец, 27-годишниот Страхиња Павишиќ во наредниот период ќе го засили средниот ред на Македонија Ѓорче Петров.

Павишиќ оваа полусезона за Самтредија од каде што пристигна одигра 19 натпревари каде постигна 3 гола и уште 2 асистенции во сите натпреварувања на Грузија.

Покрај Самтредија овој висок дефанзивен средишен играч има настапувано и за Синѓелиќ Белград, Дубочица Лесковац, Телави и Татран Липтовски Микулас.

Претходно „лавовите“ од ѓорче ги ангажираа Алекс Златко, Крсте Велковски, Џонатан Балотели, Жилберто и шпанеот Родригез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО