Македонија домаќин на најдобрите светски јуниорски репрезентации

Македонија, од 19 до 30 јуни, ќе биде домаќин на 24. Светско првенство (СП) во ракомет за јуниорки (до 20 години) на кое ќе учествуваат 32 репрезентации.

Селекциите ќе бидат поделени во осум групи со по четири тима кои ќе играат меѓусебе во прелиминарната рунда. По комплетирањето на трите кола, двете првопласирани ќе продолжат во главната рунда, а трето и четврто пласираните ќе играат во Президент купот.

Натпреварите ќе се играат во три сали во Скопје. Салата „Борис Трајковски“ ќе биде домаќинот на македонската репрезентација, а таму ќе се играат и завршните натпревари. Преостанатите натпревари ќе се играат во двете сали во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Македонската репрезентација со новиот селектор, Дарко Јанев, кој доаѓа на местото на Љубомир Савевски е во групата Х, со Исланд, Ангола и на САД. Македонија во првиот натпревар се среќава со САД, на 19 јуни.

Македонија во наредните денови ќе настапи на турнир во Скопје, со Кореја и Египет, што ќе биде финална проверка за формата пред СП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО