УЕФА утврди правила за полевање на терените на ЕП!

УЕФА воведе правила за наводнување на терените на Европското првенство (ЕП) во Германија за да се избегне повторување на ситуацијата на натпреварот од англиската Премиер лига меѓу Борнмут и Манчестер јунајтед, објави „Сан“.

Имаше многу критики за тој натпревар што заврши без победник, 2:2 и што беше оквалификуван како да „се одржал во базен“, за што причина беше прекумерното наводнување на теренот пред натпреварот.

УЕФА инсистира на тоа дека наводнувањето на теренот ќе мора да биде објавено на состанокот пред натпреварот, и потоа рамномерно да се направи низ теренот.

Наводнувањето треба да се заврши еден час пред почетокот на натпреварот, иако има ситуации кога тоа може да се промени. Теренот треба да се полева рамномерно, а не само во одредени делови.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО