Мајк Тајсон прогнозира: Фјури ќе го победи Усик

На неколку дена до боксерската пресметка меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик во Ријад, Саудиска Арабија со прогноза за исходот на борбата се јави и легендарниот Мајк Тајсон.

– Со нетрпение ја очекувам таа борба. Ќе биде многу интересно, а јас предност му давам на Фјури. Мислам дека лесно ќе го совлада Усик. Морам да навивам за Фјури, мислам дека тој е најдобриот боксер во светот, особено во тешка категорија. Големите борци губат, големите борци изгледаат лошо, но тоа не ги спречува да бидат големи, вели Мајк Тајсон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО