Лука Модриќ ќе го напушти Реал Mадрид

Хрватот Лука Модриќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, тврди шпанското издание „Релево“ кое информира дека гигантот од Мадрид одлучил да не го продолжи договорот со искусниот играч за врска.

Раководството на „кралевите“смета дека е време да им се даде можност на помладите играчи да го продолжат својот развој, наведувајќи го како пример, турскиот талент Арда Ѓулер.

Според изданието, 38-годишниот Модриќ е подготвен за намалување на платата и да остане во Реал Мадрид уште една сезона, но одлуката во голема мера веќе е донесена. Хрватскиот фудбалер пред 12 години пристигна во Мадрид од Тотенхем и остави голем белег во историјата на шпанскиот клуб.

На 531 меч за Реал Мадрид, Модриќ постигна 39 гола и имаше 86 асистенции, освои 25 титули, меѓу кои пет во Лигата на шампиони, четири во Ла лига, четири клупски Светски првенства, четири Суперкупа на Европа, пет шпански Суперкупа итн. Тој ја доби „Златната топка“ како најдобар играч на светот според ФИФА за 2018 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО