Мајк Маињан бара зголемување на платата доколку му биде продолжен договорот со Милан. Голманот сака да заработува најмалку 7 милиони евра годишно што ќе го направи најплатен играч во тимот заедно со Леао.
„Росонерите“ не сакаат да го загубат голманот без обешетување како што се случи со Џанлуиџи Донарума. Затоа доколку не се постигне договор, „росонерите“ ќе се обидат да го продадат Маињан уште во текот на летото