Аталанта слави трофеј, Рома слави нешто друго

Аталанта слави трофеј во ЛЕ, додека Рома слави место во Лигата на шампионите.

Се уште не е сигурно, но е извесен таков редослед на настани. Клубот од Бергамо успеа да освои трофеј за себе, а потоа да отвори пат за уште една екипа во Европа.

Потребно е да се исполни уште еден услов, кој е доста реален. Тоа подразбира Аталанта да заврши на 5 место на табелата во првенството. Тие токму таму и се наоѓаат и не можат да паднат од таа позиција, можат само да напредуваат. Имаат два бода помалку од Јувентус и Болоња, а до крајот на сезоната има уште два натпревари.

Во теорија, Аталанта може да ги помине Јуве или Болоња и така да го расипа очекувањето на Рома, меѓутоа и веројатно до тоа нема да дојде, затоа што сите се свесни во Италија што значи да имаат шест екипи во ЛШ.

Таму сигурно одат Интер како шампион, потоа Милан, Болоња, Јувентус и Аталанта, додека Рома ќе чека. Доколку Аталанта остане на петтата позиција, во тој случај Рома добива место во ЛШ, а големите губитници ќе бидат Бенфика, бидејки дури тогаш ќе мораат во квалификации.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО