Лукаку нема да остане во Рим

Луѓето од Рома немаат намера да му го откупат договорот на напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој игра како позајмен од Челзи, објавија медиумите во Италија.

Составот од Рим нема намера да плати 43 милиони како обештетување за корпулентинот фудбалер и да ја покрива неговата голема плата од седум милиони евра по сезона.

Тоа значи дека тренерот, Даниеле Де Роси, ќе остане само во Тами Абрахам во нападот бидејќи Паоло Дибала е исто така на излезната врата кај „римската волчица“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО