Белингем на само еден гол до рекордот на Линекер во Ла лига

На натпреварот од 36. коло на шпанската Ла лига во кој Реал Мадрид го декласира Алавес со 5:0, еден од петте погодоци постигна офанзивниот играч за врска, Џуд Белингем кој е пред уникатно достигнување.

За Белнгем тоа беше 19-ти гол сезонава во шпанското првенство по што се доближи до рекордот според постигнати голови во Шпанија, меѓу фудбалерите од Англија. Гери Линекер има постигнато гол повеќе од Белингем во една сезона, 20, за Барселона во 1986/1987-та.

Сезонава, на 40 натпревари во сите конкуренции, Белингем даде 23 гола и имаше 12 асистенции. Во последните два меча од сезоната во Ла лига, Реал Мадрид ќе игра со Вилјареал и со Бетис.

Белингем ќе треба да постигне најмалку еден гол за да се израмни со Линекер, односно два за да го мине и да биде најефикасен Англичанец во Ла лига.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО