Луис Диаз побарал зголемување на платата во Ливерпул

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул сезонава, Колумбиецот Луис Диаз, наводно побарал нов, подобрен договор со „црвените“ иако веќе има потпишано долгорочна соработка со англискиот гигант.

Според магазинот „442“, Диаз побарал зголемување на платата по растечкото интересирање за него од гигантите како Реал Мадрид и ПСЖ. Но Ливерпул „јасно ставил до знаење“ минатиот месец дека нема да се согласи со преселба на Колумбиецот во Реал Мадрид и покрај заинтересираноста на „кралскиот клуб“.

„Дејли Телеграф“ тврди дека и ПСЖ разговарал со агентот на Диаз за потенцијално заминување во Париз. Управата на „црвените“ наводно била изненадена од барањето на Диаз, бидејќи неговиот актуелен договор е до 2027 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО