ЛШ: Суперкомпјутерот го предвиде победникот!

Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал стигна во четвртфиналната фаза. Преостанатите осум екипи ќе се борат за титулата во најсилното европско клупско натпреварување, а суперкомпјутерот на „Опта“ одреди која од нив има најголеми шанси да стане шампион.

Прв фаворит е Манчестер сити. Но по завршувањето на првиот дел од ЛШ и пред да почне нокаут фазата, суперкомпјутерот го симулираше исходот од натпреварувањето и тогаш предвиде дека победник ќе биде Арсенал.

Врз основа на податоците собрани од групната фаза, лондонскиот клуб доби 22 отсто шанси да оди до крај, а актуелниот шампион Сити во таа прогноза беше зад Арсенал, со 20 отсто. Сега ситуацијата е поинаква. Сити го победи Копенхаген со вкупни 6:2 во осминафиналето и стана најголем фаворит за титулата.

Суперкомпјутерот му дава 32,30 отсто шанси на Сити да ја одбрани титулата. Во меѓувреме, Арсенал падна на третото место, а Реал Мадрид од четвртото, скокна на второто место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО