Милевски: Контролките со Молдавија и Црна Гора за добра атмосфера и за јакнење на заедништвото

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци за двата пријателски натпревара против Молдавија, на 22 март и против Црна Гора, на 25 март во Анталија, Турција. Собирот на репрезентацијата е закажан во Анталија, на 18 март.

– Натпреварите против Молдавија и против Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент врз зајакнување на добрата атмосфера и заедништвото. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани.

Сметам дека нема причина за некои поголеми промени. Остануваме со верба во играчите кои ги одиграа последните квалификации, со тоа што за прв пат го повикавме Лирим Ќамили. Станува збор за офанзивен фудбалер кој има континуитет на добри игри во клубот и затоа сакаме да го видиме во репрезентативната средина, вели селекторот Милевски.

На списокот се следните фудбалери.

Гoлмани: Столе Димитриевски (Рајо Валјекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Арарат, Ерменија), Игор Алексовски (Работнички), Дејан Илиев (Сараево, БиХ)

Одбрана: Висар Муслиу (Падерборн, Германија), Тодор Тодоровски (Политехника Јаши, Романија), Никола Серафимов (Фехервар, Унгарија), Јован Манев (Адана Демирспор, Турција), Езѓан Алиоски (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Бојан Димовски (Акрон Толјати, Русија), Ахмед Илјазовски (Хвидовре, Данска), Стефан Ашковски (Алашкерт, Ерменија), Ѓоко Зајков (Крајова, Романија), Дарко Велкоски (Динамо Букурешт, Романија)

Среден ред: Енис Барди (Трабзонспор, Турција), Јани Атанасов (Краковија, Полска), Агон Елези (Бохум, Германија), Давид Бабунски (Мезекевешд, Унгарија), Тихомир Костадинов (Пјаст Гливице, Полска), Давор Здраввковски (Мадервел, Шкотска), Елиф Еламс (Лајпциг, Германија)

Напад: Бојан Миовски (Абердин, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемијанс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Александар Трајковски (Хајдук, Хрватска), Димитар Митровски (Вараждин, Хрватска), Ердон Даци (Беверен, Белгија), Лирим Ќамили (Хвидовре, Данска)

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО