Дибиров и следната сезона ќе игра во Загреб

Тимур Дибиров и на 41-годишна возрат ја продолжува кариерата, обелоденувајќи дека и следната сезона ќе го носи дресот на хрватски Загреб.

Поранешниот ракометар на Вардар, потврди дека во договор со семејството, се согласил да одигра уште една сезона за Загреб.

Дибиров има одлична сезона во првакот на Хрватска со кого во плеј-офот, во двомечот против Монтпелје, ќе разигрува за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Русинот е вториот најдобар стрелец во историјата на ЛШ, зад Кирил Лазаров.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО