ЛШ: Борусија Дортмунд по 11 години повторно финалист

Борусија Дортмунд одигра уште еден одличен меч, на гости против ПСЖ (1:0, вкупни 2:0) во реванш полуфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ) и се пласира во финалето, прво по 2013 година.

Решавачкиот гол го даде центархалфот, Матс Хумелс во 50 минута, со удар со глава, по корнерот што го изведе Јулијан Брант.

Борусија Дортмунд ќе се обиде по втор пат во клупската историја да стане европски шампион, откако во финалето во 1997 година го совлада Јувентус со 3:1.

ПСЖ никогаш не бил европски шампион, губејќи во финалето во 2020 година, од Баерн, 0:1. Фудбалерите нс фрацискиот првак, како и на првиот меч, промашија многу зрели шанси, шестпати, место мрежата стрелаа во пречката или во стативата, и заслужено беа елиминирани.

Финалето ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, во сабота, 1 јуни и може да биде германска пресметка, како што беше во мај 2013 година кога Баерн  ја победи Борусија со 2:1.

Вечерва во второто полуфинале, Реал Мадрид се среќава со Баерн Минхен (првиот натпревар заврши 2:2).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО