Аргентинскиот напаѓач Хоакин Кореа може да се врати во својот поранешен клуб во Италија, римски Лацио.
Според информациите на „Кориере дело Спорт“ веќе се започнати контакти меѓу Лацио и агентите на Кореа кој го напушти Интер ова лето.
За Аргентинецот е заинтересирана и Севиља, но Лацио е во пол-позиција, поради минатото кое Кореа го има поминато на „Олимпико“.
Клаудио Лотито започнал контакти со опкружувањето на аргентинскиот голгетер и се обидува да го убеди да се врати во „старото јато“.
Ако Кореа прифати да се врати во дресот на „лацијалите“, Лотито планира да понуди 5 милиони евра за негов откуп на договорот.