Андреј Рубљов победи во Мадрид и замина во болница!

Русинот Андреј Рубљов е победник на тенискиот Мастерс 1000 АТП турнир во Мадрид. Тој во финалето по речиси три часа игра го совлада Канаѓанецот Феликс Ожер-Алиасим со 4:6, 7:5, 7:5.

За Рубљов ова е 16. АТП титула во кариерата, втора на турнирите од серијата Мастерс 1000. Досега единствената на земјена подлога ја освои лани во Монте Карло. Ова му е втора титула во 2024 година, по првата во Хонг Конг на почетокот на годината.

За 23-годишниот Ожер-Алиасим, моментално 35. играч ова беше прв настап во финале на Мастерс 1000 турнир. Досега има освоено пет титули, од кои четири во 2022 година.

По мечот на прес-конференцијата Рубљов ги шокираше присутните во Мадрид.

– Многу сум болен, ќе морам да одам во болница на комплетен преглед. Не знам што се случува. За прв пат во животот се чувствувам толку лошо. Грлото ми е целосно затнато. Осум или девет дена ништо не можам да голтнам, ниту да јадам, а сè уште имам силни главоболки. Примав инјекции и земав лекови против болки.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО