Ливерпул го потврди трансферот на Дарвин во Ал Хилал

Ливерпул официјално потврди дека Дарвин Нуњез го комплетираше перманентниот трансфер во Ал-Хилал.

Тригодишниот престој на Уругваецот во дресот на „црвените“ заврш денес откако тој го финализирал трансферот во тимот од Саудиската професионална лига.

Нуњез го напушта „Енфилд“ откако одигра 143 натпревари и постигна 40 гола, освојувајќи трофеи во Премиер лигата и Карабао Купот.

Уругваецот пристигна во Англија од Бенфика во летото 2022 година и постигна гол на своето деби, помагајќи му на тимот на Јирген Клоп да го освои ФА Комјунити Шилд со победа против Манчестер Сити.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО