Ливерпул близу до договор со наследникот на Јирген Клоп

Ливерпул е многу блиску до назначување нов менаџер откако Јирген Клоп треба да го напушти клубот на крајот од сезоната. „Црвените“ се многу блиску до договор со агентите на тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, објавија медиумите во Португалија. Се очекува се меѓу двете страни да биде договорено за неколку дена.
Според изворот, агентите на Аморим во моментов се во преговори со преставниците на Ливерпул околу финансиските услови на договорот.
39-годишниот стручњак има договор со Спортинг Лисабон до летото 2026 година, но Ливерпул инсистира тој да биде доведен сега.
Очекувањата се дека Аморим ќе го чини англискиот гигант околу 20 милиони евра, кои мора да му бидат исплатени како обештетување на португалскиот клуб.
Аморим го презеде Спортинг во март 2020 година и под негово водство клубот освои една титула и два купа на Португалија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО