Линекер: Мислам дека му беше доста на Саутгејт

Еден од легендарните напаѓачи на англиската репрезентација, Гери Линекер, сега почитуван тв коментатор, по вчерашниот нов пораз на „Гордиот албион“ во финале на големо натпреварување, го нападна селекторот Герет Саутгејт потенцирајќи дека тој не треба да добие нова шанса.

– Мислам дека на Саутгејт му беше доста. Тоа е тешка, исцрпувачка работа, изјави поранешниот англиски напаѓач.

Саутгејт има договор со Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија до 31 декември 2024 година, но имаше шпекулации дека ФА ќе му понуди продолжување на соработката до СП 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО