Лига на конференции: Олимпијакос направи големо изненадување во Бирмингем

Олимпијакос по малку направи и сензационален резултат синоќа во првиот полуфинален натпревар од Лигата на конференции, каде што славеа против Астон Вила на гостувањето во Бирмингем со 4:2.

Ваков резултат ретко кој очекуваше пред натпреварот, но ете, Олимпијакос има комотна позиција пред реваншот во Пиреа. Се тргна од головите на Кааби во 16. и 29. минута, а до крајот на полувремето Воткинс намали на 2:1.

Во вториот дел Вила дојде до изедначување преку Муса Диаби во 52. минута, па веднаш следуваше одговор на Олимпијакос преку Кааби по само четири минути од изедначувањето.

Конечниот резултат го постави Сантијаго Хезе во 67. минута за голема победа во Бирмингем.

Во второто полуфинале синоќа, Фиорентина синоќа победи со 3:2 против Клуб Бриж, со головите на Енцола, Белоти и Сотил, додека за гостите стрелаа Тијаго и Ванакен.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО