Лига Европа: Иштван Ковач ќе ја дели правдата во финалето

Романецот Иштван Ковач ќе го суди финалето Баер Леверкузен  – Аталанта, во Лига Европа (ЛЕ) во среда во Даблин.

За Ковач (39) ова ќе биде трета  последователна сезона како ќе суди клупско фудбалско европско финале. Тој беше главен судија на финалето во Лигата на конференции (ЛК), Рома – Феенорд (1:0) во Тирана 2022-та, а лани беше четврти судија на мечот Манчестер сити – Интер (1:0) во Лигата на шампиони (ЛШ) во Истанбул.

На Ковач кој ќе суди и на Европското првенство (ЕП) во Германија летово, второ за него во кариерата, ќе му помагаат сонародниците, Василе Флорин Маринеску и Михаи Овидиу Артене. Четврти судија ќе биде Иван Кружлијак од Словачка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО