Левандовски собори рекорд на Меси, Јамал најмлад играч на Барса во нокаут фазата

Барселона ремизира на гости против Наполи, 1:1, во првиот осминафинален ннатпревар во Лигата на шампиони (ЛШ), а единствениот гол за Каталонците го постигна Роберт Левандовски.

Со тој гол Барселона стави крај на сушата од 1.078 дена или речиси три години откако последен пат постигна гол во нокаут фазата од ова натпреварување!

Тој гол беше посебен бидејќи со него Левандовски стана најстариот стрелец во нокаут фазата во ЛШ во историјата на Барселона, соборувајќи го рекордот на Лионел Меси.

Аргентинецот имаше 33 години и 259 дена кога постигна гол против ПСЖ во март 2021 година. Левандовски на денот на натпреварот во Неапол имаше 35 години и 184 дена.

На тој натпревар, младиот Ламине Јамал пак, со 16 години и 223 дена стана најмладиот играч кој некогаш играл за Барса во нокаут фазата од ЛШ.

Доколку постигне гол до крајот на сезоната, тој би соборил уште два клупски рекорда, кои се и рекорди во ЛШ.

Јамал може да го надмине рекордот на Ансу Фати кој во групната фаза во сезоната 2019/20, на возраст од 17 години и 40 дена, стана најмладиот стрелец во историјата на ЛШ.
Во опасност е и рекордот на Бојан Кркиќ, кој во 2008 година, со 17 години и 217 дена стана најмладиот стрелец во елиминациската фаза од ова натпреварување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО