Голем пожар со жртви во Валенсија, одложен мечот со Гранада

Натпреварот од 26. коло на шпанската Ла лига меѓу Валенсија и Гранада што требаше да се одигра утре одложен е откако градот Валенсија прогласи тридневна жалост поради пожарот во кој загинаа неколку лица.

Валенсија побара од Ла лига да се одложи мечот што беше одобрено. Новиот датум за одигрување на натпреварот се’ уште не е познат. Валенсија е на осмото место, а Гранада претпоследна меѓу 20-те екипи.

Градот Гранада и фудбалскиот клуб изразија солидарност со граѓаните на Валенсија откако вчера попладне избувна пожар во две станбени згради, во кој загинаа најмалку четири лица, а по 15 се’ уште се трага.

Откажани се сите настани во градот Валенсија, вклучувајќи го и натпреварот од втората лига меѓу Леванте и Андора.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО