(ФОТО) Лига на конференции: Дерби дуел, Ајакс – Астон вила

Во седиштето на УЕФА денека е одржа и ждрепката за осминафиналето во Лигата на конференции (ЛК).

Еден од најинтересните и највалитетни би требало биде дуелот Ајакс – Астон вила. Хрватскиот шампион, Динамо Загреб каде што со голем успех настапува македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски ќе игра против ПАОК.

Грчкиот тим во квалификациите беше подобар од уште тим од Хрватска, сплитски Хајдук со вкупни 3:0. Динамо се пласира во осминафиналето победувајќи го Бетис со вкупни 2:1.

Навивачите на Динамо имаат забрана за патувања во Грција поради нередите што ги направија на почетокот од сезонава во Атина.

Осминафиналните двојки се: Динамо Загреб -ПАОК, Ајакс – Астон вила, Молде – Бриж,  Сервет – Викторија Плзен, Макаби Хаифа – Фиорентина, Штурм – Лил, Олимпијакос – Макаби Тел Авив и Унион Сен Жилоаз – Фенербахче.

Натпреварите ќе се играат на 7 и на 14 март.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО