Легендарниот Аргентинец станува тренер!

По фантастичната играчка, Анхел Ди Марија ќе и се посвети на тренерската кариера. Поранешниот аргентински репрезентативец моментално го носи дресот на Бенфика, а договорот му истекува на крајот од сезоната по која се очекува да и стави крај на блескавата кариера.

„Започнав со тренерскиот курс. Тоа го правам за секој случај. Од 30-годишна возраст почнав да гледам на фудбалот на поинаков начин и да го анализирам.

Почнав да го гледам не само од играчка, туку и од тренерска страна. Знам дека да се биде тренер е многу потешко, бидејќи за тоа е потребно многу повеќе време. Би сакал да уживам во времето со моето семејство, но подоцна можеби ќе бидам тренер“, изјави Ди Марија.

Во текот на кариерата, Ди Марија играше за врвни клубови како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус.

Со Аргентина го освои Светското првенство (СП) пред две години во Катар, а Копа Америка во 2021 и 2024 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО