Лазаров го одреди составот, има две изненадувања!

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра првиот бараж натпревар против Фарските Острови за пласман на Светското првенство (СП) 2025 година.

Селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој Македонија вечерва ќе се обиде да дојде до позитивен резултат во Торшавн, на гости кај  Фарските Острови, репрезентација која е незгоден противник.

Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров и младиот ракометар на Алкалоид, Дамјан Митев. Во составот на Лазров се и искусните Митревски, Кузмановски, Талески, Пешевски и останатите.

На трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Мартин Карапалевски и Иван Џонов.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО