Лига на конференции: Бриж и Фиорентина реваншот го играат вечерва!

Реваншот полуфиналниот меч во Лигата на конференции (ЛК) меѓу Бриж и Фиорентина место утре ќе се одигра вечерва поради католичката поворка која утре ќе излезе на улиците на белгискиот град.

Натпреварите во ова натпреварување обично се играат в четврток, но УЕФА направи исклучок за тој натпревар на инсистирање на белгискиот клуб.

Утре, четврток, на 9 мај, Бриж ќе биде домаќин на поворката што се одржува секоја година на Денот на Вознесението, кој годинава се „паѓа“ на тој датум 9. Тој настан е признат како нематеријално културно наследство од УНЕСКО.

Тимот на Фиорентина ќе се обиде да стигне до второто последователно финале во ЛК, откако минатата недела го совлада Бриж во Фиренца со 3:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО