Лаутаро Мартинез ќе го продолжи договорот со Интер

Успешно завршија преговорите меѓу Интер и Лаутаро Мартинез. Аргентинецот ќе потпише нов договор со клубот до јуни 2029 година.

Долго време траеја преговорите меѓу менаџерот на Лаутаро и Интер. Интер не го прифати предлогот платата на Лаутаро да расте во наредните три сезони, односно да биде 12, 14, па 16 милиони евра.

За потсетување, според актуелниот договор, Аргентинецот има годишна плата од шест милиони евра. Поголема плата во клубот има само Хакан Чалханоглу (6,5 милиони).

Најплатени играчи во лигата се Виктор Осимен со 10 милиони, Душан Влаховиќ девет, Ромелу Лукаку и Адриен Радио по седум милиони евра.

Италијанските медиуми тврдат дека Лаутаро му порачал на менаџерот да побара пет годишен договор и плата од девет милионие вра по сезона. Челниците на Интер ја позтивно одговориле на овие барања.

Лаутаро Мартинез дојде во Интер од Расинг пред шест години за 25 милиони евра и со текот на времето стана првата ѕвезда на клубот. Тој освои две титули во италијанскиот шампионат, два Купа на Италија, три Суперкупа и играше во финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Оваа сезона со 23 гола беше најдобар стрелец во Серија А и на крајот беше избран за најкорисен играч во лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО