Лапорта за трансферот на Мбапе: Ќе ја уништи соблекувалната на Реал!

Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот од сезоната. Иако се’ уште нема официјална потврда, најверојатно тој кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

За тоа пишуваат шпанските и француските медиуми, но и експертите за трансфери како Фабрицио Романо, кој веќе ја објави финансиската страна на зделката.

Италијанскиот трансфер инсајдер откри дека годишната плата на Мбапе ќе биде во согласност со онаа на главните асови на тимот, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, која со различни бонуси изнесува околу 24 милиони евра годишно.

Но, тоа не се единствените пари што ќе ги добие Мбапе. Бидејќи во неговиот трансфер нема клаузула за обештетување за друг клуб, се очекува износот за потпишување на договорот да биде над 100 милиони евра. Реал не ќе мора веднаш да му ја исплати таа сума, туку на рати колку што трае договорот.

Сето тоа го коментираше и претседателот на „лутиот ривал“, Барселона, Жоан Лапорта.

– Сето ова може да има негативни последици за тимот од Мадрид. Воопшто не му завидувам на Реал, а освен тоа, се’ уште не ни знаеме дека ќе потпише за нив. Ќе видиме…

Но во тој случај тие ќе имаат проблем. Ќе мора да продадат некој за да го донесат, нели? И нема да можат ниту Мбапе ниту Винисиус, да играат на истата позиција? Да не зборувам за сумите што се спомнуваат. Сигурен сум дека тоа ќе ја уништи соблекувалната на Реал, изјави Лапорта.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО