Барселона планира нова позајмица на Ансу Фати

Големата надеж на Барселона, Ансу Фати (21) сезонава е на позајмица во Брајтон и најверојатно нема да се врати во редовите на Каталонците.

Раководството на клубот размислува повторно да го позајми на друг клуб напаѓачот кој последниве години се мачеше со честите повреди, поради што неговата форма драстично падна.

Сезона тој има 23 настапи за Брајтон во сите натпреварувања, и на теренот мина 953 минути. Тој постигна четири гола и имаше една асистенција, но никогаш не успеа да се наметне во тимот на Роберто Де Зерби.

Поради оваа причина од Барселона се на мислење дека е подобро тој повторно да биде позајмен отколку да го вратат во каталонската престолнина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО