Првите импресии од Елмас во Лајпциг извонредни

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас од пред неколку дена е нов член на бундеслигашката екипа Лајпциг.

Тој сакаше да го напушти Наполи бидејки таму немаше гарантирано место во првиот тим, па околу тоа веројатно му ветија поголема минутажа во Германија, па од таму доаѓа и желбата за трансферот на Елмас.

Првите впечатоци за Елмас се беспрекорни во Германија, а за тоа сведочи и изјавата на тренерот на тимот, Марко Розе.

– Со Елиф е пополнета празнината која ја имавме во тимот по неколкуте засилувања. Претходно заминаа Карваљо и Форсберг. Ние имаме ростер кој е полн со квалитет и за тоа сме задоволни. Елмас е играч кој може да одигра на неколку позиции, комплетен, флексибирен играч. Него може да го искористите во средниот ред, на средина од теренот исто така и по крилните позиции. Најдобро кај него е што е тимски играч, зна е да дотрча назад и да и помогне на одбраната. Такви играчи ни се потребни во тимот, порача Марко Розе.

Се надеваме дека ова ќе му биде нова отскочна даска на Елиф Елмас во понатамошната кариера и да биде уште поуспешен во новиот клуб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО