Македонските одбојкари денеска ги почнаа подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство кое е на програмата следната година.
Во составот на нашата репрезентација од денес е стандардниот примач Александар Љафтов, кој не беше во селекцијата за натпреварите од Европската лига.
-Денеска ги започнуваме подготовките, за, според мене, најважниот дел бидејќи ја пропуштив Европската лига. Пред нас се квалификациите за Европското првенство, нè очекува напорна работа и две многу важни средби против Грузија и Грција. Така што се спремаме максимално и се надевам на две победа, па следното лето да влеземе порастеретени и да ја запишеме уште таа една победа која што ќе ни биде потребна за пласман на Европското првенство, изјави нашиот репрезентативец.
Македонија на 17 август ќе игра во Грузија, додека осум дека подоцна ќе биде домакин на Грција во рамките од квалификациите за ЕП.