Клоп ја искоментира одлуката на Чаби Алонсо: Разбирам зошто донесе таков потег

Јирген Клоп истакна дека ја разбира одлуката на Чаби Алонсо зошто не сака идната сезона да биде предводник на Ливерпул.

Германецот веќе најави дека на крајот од сезоната заминува од „Енфилд“, а со тоа се отвара простор за нов предводник на “црвените“ и многумина веруваа дека тоа ќе биде Чаби Алонсо, но тој на пресконференција обелодени дека не оди во Ливерпул.

– Тој е фантастичен во Баер Леверкузен, имаат добар тим и се блиску до освојување на трофеј во германското првенство. Верувам дека ќе остане и следната сезона во Леверкузен со истата екипа, ќе ги задржат сите играчи. Разбирам зошто одлучи да остане во Леверкузен. За другите работи, искрено не знам за што размислува во иднина, порача Јирген Клоп.

Откако е апсолвирано дека Чаби Алонсо нема да биде опција за Ливерпул идната сезона, се поставува прашањето кој ќе биде наследникот на Јирген Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО