Кошаркарите на МЗТ убедливо триумфираа над Вардар

Рутинска победа за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на денешниот натпревар против Вардар (88:66) во Првата МТЕЛ македонска лига.

Така, играчите ја задржуваат предноста на врвот од табелата во шампионатот по одиграни 18 кола.

Дамјан Стојановски доби поштеда од тренерот на МЗТ поради поситна повреда од завршниот турнир од Купот на Македонија, додека Бојан Крстевски и Војдан Стојановски одиграа колку да се загреат за следните предизвици кои го очекуваат актуелниот првак.

Поголема шанса добија оние помладите во тимот, кои уште еднаш покажаа дека со право се дел од трофејниот состав на МЗТ.

Марко Миловановиќ со 16 поени и шест скока беше напрецизен, Андреј Андоноски реализира 13 поени, додека двоцифрен ефект имаа уште и Марин Петков со 11 и Дион Едвин со 10 поени.

На спротивната страна Јилмаз беше најефикасен со 13 поени, додека Марјановиќ постигна 11.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО