Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром нападнати во Чаир, мечот прекинат

Вчерашниот меч од 20. коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија, меѓу Чаир и МЗТ Скопје Аеродром беше прекинат на полувремето при резултат 42:44, откако тренерите и кошаркарите на шампионот биле нападнати од неофицијални лица.

Како што соопштија од МЗТ Скопје, нападот се случил на полувремето, кога неофицијални лица ги нападнале во соблекувалната.

Од клубот најавија повеќе детали за инцидентот во текот на денешниот ден, а се очекува да се огласи и Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО