(ВИДЕО) НБА лига: Гафорд по пет меча конечно промаши!

Се играше првата минута од натпреварот Оклахома Сити тандер – Далас маверикс, 126:119, кога кошаркарот на Далас, Даниел Гафорд прв стигна до топката по промашувањето на соиграчот и се обиде да ја смести во кошот.

Но промаши што значеше и крај на неговата неверојатна серија од 33 последователни успешни удари од поле. На петте натпревари од таа совршена серија, Гафорд имаше просек од 15 поени, 7,4 скока и 3,4 блокади.

НБА рекордот од 35 погодоци по ред е стар 55 години и го држи починатиот великан Вилт Чембрлен. Гафорд, центарот на Маверикс, му се доближи, но не успеа да му го одземе рекордот. Натпреварот против Оклахома тој го заврши со 19 поени и 15 скока, со шут од 8/11.

Серијата на Гафорд до овој меч гледаше вака:

– 7/7 од поле против Индијана

– 5/5 против Мајами

– 7/7 против Детроит

– 9/9 против Чикаго

– 5/5 против Голден Стејт

Гафорд (25) ја игра петтата сезона во НБА. Професионалната кариера ја почна во Чикаго, а ја продолжи во Вашингтон, од каде што на последниот ден од преодниот рок пристигна во Далас. На 14 натпревари за Маверикс, тој има просек од 10,6 поени и седум скока со 78 отсто шут од поле.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО