Англиските клубови најбројни во завршницата на еврокуповите

Англиските клубаови ќе бидат најбројни во завршницата на трите европски клупски натпреварувања.

Пет тима од Англија ќе играат во четвртфиналето. Во Лигата на шампиони (ЛШ) се Манчестер сити и Арсенал, во Лига Европа (ЛЕ), Ливерпул и Вест хем, а во Лигата на конференции (ЛК), Астон вила.

Италија во оваа фаза ќе биде претставена со четири екипи, Милан, Аталанта и Рома во ЛЕ и Фиорентина во ЛК.

По три клуба ќе имаат Шпанија, сите во ЛШ, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона, Франција, ПСЖ во ЛШ, Марсеј во ЛЕ и Лил во ЛК, и Германија, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во ЛШ и Баер Леверкузен во ЛЕ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО