Коментирала за боксерките дека се мажи, па добила смртни закани?

Телевизиската водителка, Лора Вудс откри дека добила „многубројни смртни закани“ на интернет откако коментирала напис за подобноста на олимписките шампионки во бокс, Иман Келиф и Лин Џу-Тинг.

Како што пренесува „Би-би-си“, водителката ги искажала своите ставови на јавна дебата во живо за тоа дали тие се подобни да се натпреваруваат во женска конкуренција.

Келиф од Алжир и Лин од Кинески Тајпеј беа дисквалификувани од минатогодишното Светско првенство (СП) во бокс, откако наводно паднале на тестовите за подобност на полот.

И двете освоија златни медали во Париз откако Интернационалноот олимписки комитет (ОИК) им дозволи да учествуваат.

Во четвртокот, фудбалската водителка, Вудс ја коментираше „одличната статија“ како одговор на текстот на Оливер Браун од британскиот „Телеграф“, кој пишуваше на оваа тема.

– Откако говорев за оваа статија, добив многубројни смртни закани кон мене и кон моето неродено дете. Прашуваат за мојот пол (бремена сум, па претпоставувам дека тоа го решава проблемот), повици до работодавците да ме отпуштат, закани за мојот дом…

Кога има несовпаѓања во резултатите од тестот, што може да влијае врз безбедноста на друго човечко суштество, во средина која, пред се’, треба да биде праведна, со право ќе се поставуваат прашања. Одговорите се’ уште се нејасни, во спротивно оваа тема би била затворена.

Да потсетиме, Томас Бах минатата недела рече дека ИОК „не сака несигурност“, но посочи дека не постои „научно здрав систем“ за „идентификување на мажите и на жените“.

Келиф рече дека била жртва на „злоупотреба“ и оти ИБА ја „мрази“. Откако го освои олимпиското злато, 25-годишната девојка поднела тужба за наводно сајбер малтретирање за време на ОИ во Париз, во што, наводно, биле вмешани писателката Џ.К. Роулинг и сопственикот на платформата X, Илон Маск.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО