Американската гимнастичарка, Џордан Чајлс изјави дека е навредувана на расистичка основа на интернет по жалбата поради одлуката да и се одземе бронзениот медал што го освои на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Интернационалната гимнастичка федерација (ФИГ) ја промовира Романката, Ана Барбосу од четвртото на третото место по натпреварот на партер, по одлуката на Судот за спортска арбитража (CАС).
Тоа значеше дека Чајлс (23) го загуби бронзениот медал откако првично од петтата се искачи на третата позиција по забелешката на нејзиниот тренер, Сесил Ланди.
САС одби да ја преиспита својата одлука и ги осуди „безобразните изјави“ дека бил пристрасен. Некои извештаи во американските медиуми сугерираа дека шефот на панелот на САС што ја донел одлуката за случајот имал врски со Романија!