Колку ќе ве чини бодрењето на Македонија во Вараждин на СП 2025 година

Македонските фанови кои ќе сакаат да бодрат Македонија на СП во 2025 кое ќе се одржи Хрватска, Данска и Норвешка, за првата фаза ќе треба да издвојат од 150 до 210 евра.

Ждрепката ја смести Македонија во Вараждин, што значи дека нашите репрезентативци би требало да имаат голема поддршка од трибините, но сега можеби еден од главните проблеми ќе биде високата цена на влезниците за наши услови.

Хрватскиот ракометен сојуз од денес ја започнува продажбата на билетите за натпреварите на кои ќе биде организатор, а цената се движи од 50 до 70 евра од ден, во зависност од секторот. За нашите фанови резервиран е секторот „К“ што значи за првите три натпревари на Македонија ќе треба да се издвојат од 150 до 210 евра. Доколку успееме да ја минеме првата фаза, што не би требало да претставува проблем, остауваме и во втората фаза ќе играме во Вараждин, а и за тие натпревари цената на билетите ќе биде иста.

На шампионатот Македонија ќе биде во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а место во вториот круг ќе обезбедат првите три селекции, што значи дека ќе ни биде потребана најмлку една победа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО