Дарко Велковски и Динамо Букурешт во преговори за продолжување на соработката

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски очигледно добро се снајде во Романија и доби првотимски статус во Динамо Букурешт, па клубот сака да го задржи и следната сезона.

28-годишниот Велковски имаше договор со романскиот прволигаш шест месеци. Дојде во јануари, па тоа значи дека сега му истекува активниот договор. Фудбалерот и раководството водат интензивни разговори за продолжување на соработката, затоа што Динамо сака да го задржи Велковски.

Дарко Велковски одигра 16 натпревари за Динамо во шест месеци и даде еден гол. Претходно тој настапуваше за Ал-Етифак (Саудиска Арабија), Ријека (Хрватска), како и македонските прволигаши Вардар и Работнички.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО