Авторитетниот интернет портал Трансфермаркт ја објави листата на најскапите фудбалери од секој тим учесник во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Еве како изгледа овој список на играчи и кој колку вреди според Трансфермакет: Реал Мадрид: Џуд Белингем (180 милиони евра, играч од средниот ред). Манчестер Сити: Ерлинг Халанд (180 милиони евра, напаѓач). ПСЖ: Килијан Мбапе (180 милиони евра, напаѓач). Арсенал: Букајо Сака (130 милиони евра, играч од средниот ред).
Баерн: Џамал Мусиала (110 милиони евра, играч од средниот ред). Барселона: Гави (90 милиони евра, играч од средниот ред). Атлетико Мадрид: Нахуел Молина (45 милиони евра, дефанзивец). Борусија Дортмунд: Грегор Кобел (40 милиони евра, голман).
Двојките од четвртфиналето во ЛШ се: Арсенал (Англија) – Баерн (Германија); Атлетико Мадрид (Шпанија) – Борусија Дортмунд (Германија); Реал Мадрид (Шпанија) – Манчестер Сити (Англија); ПСЖ (Франција) – Барселона (Шпанија).