Клоп не му посакува многу среќа на Салах на Купот на Африка!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред неделниот натпревар против Арсенал во ФА купот, се пошегува дека не му посакaл многу среќа на Мохамед Салах на Купот на Африка.

Салах ќе игра за Египет на шампионатот на Африка што ќе се одржи во Брегот на Слоновата Коска. Капитенот на Јапонија, Ватару Ендо ќе биде на Купот на Азија во Катар.

Се очекува двајцата да стигнат далеку на тие натпреварувања што значи дека Клоп не ќе може да смета на нив до втората недела од февруари.

-Му реков на Салах дека ако ти посакам среќа, тоа ќе биде лага. Од лична гледна точка, би бил среќен доколку испаднат во групната фаза, но тоа речиси не е можно. Значи, беше „Среќно и вратете се здрави“. Мораме да се справиме и без нив, изјави Клоп.

Ливерпул нема соодветна замена за Салах кој игра по десната страна во нападот и сезонава постигна 18 гола во сите натпреварувања. Но, Клоп, чиј тим е на врвот во Премиер лигата, e убеден дека Ливерпул може да ја пополни празнината зад Салах.

– Мислам дека игравме против Вест хем во четвртфиналето на Лига купот минатиот месец без Мо. По таа страна играше Харви Елиот. Имаме различни офанзивни опции, многумина можат да играат по тaa крилна позиција на различни начини, иако никој друг не може да игра како Мо, вели Клоп.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО