Милан бара стопер, Французинот сака по секоја цена на „Сан Сиро“

Еден од клубовите кои го следат младиот 24-годишен фудбалер на Брест, Лилијан Бразиер е Милан.

А според француските медиуми, Милан е дестинацијата каде Бразие би сакал да се испроба како фудбалер, иако заинтересирани меѓу другите се Порто и Монако.

Цената за ова момче е околу 10 милиони евра, Милан понуди токму толку, но Монако отиде за милион повеќе од тоа. Сепак, „росонерите“ веруваат во волјата на овој млад човек да се пресели во Италија.

Ќе видиме дали овој трансфер ќе се случи во зима или има пореални шанси тоа да се случи на лето кога ќе се отвори преодниот рок, бидејќи Брест би сакал да го има барем до крајот на оваа сезона.

Меѓутоа, доколку се зголеми неговото незадоволство, се е можно…

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО