Џуд Белингам е највредниот светски фудбалер

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, е највредниот во светот во моментов, според алгоритмот на фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Швајцарија.

ЦИЕС ги вреднува фудбалерите на пазарот споредувајќи ги бројките од минатите трансфери, должината на договорот, напредокот во кариерата, настапите во различните натпреварувања, возраста, како и споредувањето со други играчи со слични вештини.

Врз основа на тие показатели, Белингам (20) би чинел неверојатни 230,2 милиони фунти доколку некој сака да ја тестира решеноста на Реал да го продаде.

Белингам кој се смета за најдобар млад играч на планетата дојде лани во Реал за 88,5 милиони фунти и е прв стрелец во Ла лига со 13 гола. Иако играч во средниот ред тој веќе даде 17 гола на 22 натпревари во сите натпреварувања сезонава.

Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер сити, е на второто место со проценета вредност од 216,3 милиони фунти. Откако постигна 52 гола во првата сезона под водство на Пеп Гвардиола, Халанд го повтори тоа и сезонава со постигнатите 19 гола на 20 натпревари.

Дуото на Реал Мадрид, Бразилците Винишиус жуниор и Родриго се третото и на четвртото место со вредност од 215,5, односно  213,4 милиони фунти. Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака е петти на листата, 192 милиони фунти.

Натаму, до 10-та позиција, следуваат Фил Фоден од Манчестер сити (168,6), Гави од Барселона (151), Хулијан Алварез од Манчестер сити (141,8), Џамал Мусиала од Баерн Минхен (131,2) и Мартин Одегард (129,7 милиони фунти) .

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО