Калин Ивановски ќе паузира до септември

Македонскиот тенисер Калин Ивановски и покрај тоа што со големи амбиции ја започна новата сезона сепак немаше среќа и ќе мора да паузира.

Ивановски имаше можност во претсезонките подготовки да тренира заедно со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и беше подготвен за поголеми предизвици, но денес соопшти лоши вести.

Имено, најдобро рангираниот македонски тенисер на социјалните мрежи објави дека во следните пет до шест месеци ќе биде надвор од терените. Тоа значи дека во најдобар случај на турнирите би им се вратил во септември.

„Бидејќи многумина се прашувавте кога ќе почнам да се натпреварувам… Ќе бидам надвор од терените во следните 5-6 месеци. Ќе се вратам посилен“, соопшти Ивановски.

Нашиот најдобар тенисер својот последен турнир го одигра во ноември минатата година во Јапонија, а 2023 година ја заврши на 326. место на АТП листата. Поради повреда тој нема да може да настапува и да освојува нови поени, што значи дека ќе има голем пад на АТП листата во наредните месеци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО